Легендарниот аргентински напаѓач Карлос Тевез сака поранешните соиграчи Кристијано Роналдо и Лионел Меси да учествуваат на неговиот проштален натпревар во Буенос Аирес.
Иако не е одреден датум, Тевез, кој ќе се повлече од фудбалот во 2022 година по успешната кариера во Премиершип и Серија А, почна да го планира големиот ден.
“Да, ќе организирам проштален натпревар. Веројатно ќе го направам тоа. Само треба да откриеме кога. Не е лесно”, изјави Тевез во интервјуто за стриминг платформата Олга.
Запрашан дали Меси и Роналдо, кои заедно имаат освоено 13 Златни топки, ќе играат во различни тимови во прошталниот меч, Тевез рече: „Ќе ги составиме“.
Прошталниот натпревар најверојатно ќе се одигра на домашниот стадион на Бока, Ла Бомбонера.
На прашањето како да го убеди Роналдо, поранешната ѕвезда на Бока Јуниорс рече: „Јас сам ќе одам да го земам“.
Тевез играше покрај Меси во аргентинската репрезентација од 2005 до 2015 година.
Покрај Роналдо во Манчестер Јунајтед, Тевез освои шест трофеи, вклучувајќи две титули во Премиер лигата и една Лига на шампиони.
Тевез (41) вели дека останал во контакт со двете фудбалски икони.
Откако ги закачи копачките, Тевез беше тренер на аргентинските екипи Росарио Централ и Индепендиенте, но сега е без клуб.