,,Мислам дека ќе се случи анексија на Гренланд!” – Трамп ги изненади сите со последниот говор

Американскиот претседател Доналд Трамп и’ се обрати на јавноста од Овалната соба. Тој шокираше многумина велејќи дека „мисли дека анексијата на Гренланд ќе се случи“.

„Ќе мораме да склучиме договор за Гренланд“, додаде Трамп.

Што значи анексија на земја?

Анексијата на земја значи присвојување на територија или земја од друга држава, обично без согласност на таа земја или против волјата на нејзините власти и народ. Тоа е форма на насилно проширување на територијалните граници на една држава, при што се нарушува територијалниот интегритет на друга држава. 

Анексијата може да биде резултат на воено освојување, политички притисок, па дури и договор, но во сите случаи процесот не е во согласност со меѓународното право и често предизвикува меѓународна осуда.

Анексијата се разликува од едноставното стекнување територијална контрола, бидејќи при анексијата, државата формално прогласува територија како дел од нејзиниот суверен простор.