Владиниот портпарол Венера Латифи-Азизи соопшти дека Владата одржала вонредна дискусија поради недостигот на енергија за јавниот превоз на територијата на Град Скопје, каде што лошата состојба и недостигот на деривати за потребите на јавниот превоз доведе до прекин на автобуските линии.
Таа најави дека е донесена одлука со која се потврдува постоењето на криза во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, поради недостаток на топлинска енергија, можноста за користење алтернативни горива и состојбата со топлинска енергија на пазарот.
„Со ова се овозможува на Град Скопје да му се позајмат делови од нафтените резерви на државата. Бирото за јавни набавки денеска, меѓу другото, донесе одлука со која ги исполнува условите за спроведување на постапката со преговарање без објавување на тендерот за да се скрати рокот за откуп на дериватот неопходен за градот Скопје“.
„Со ова Владата го затвора прашањето со тешкотијата во работењето на градското јавно сообраќајно претпријатие“, рече Венера Латифи-Азизи.