Најубавата фудбалска приказна во Европа: Рибарско село со 813 жители наскоро ќе ја прослави својата шампионска титула

Во блиското минато, светот на фудбалот беше сведок на сензацијата на Лестер – шампионите на Англија, но ситуација која дефинитивно не може да се спореди со ништо слично доаѓа од Шведска.

Покрај сите локални гиганти и моќни клубови кои се навикнати на трофеи, шампион ќе биде малиот Мјалби, клуб од рибарско село со само 813 жители.

До крајот на лигата Алсвенскан остануваат уште шест кола, а Мјалби има огромна предност од 11 бода во однос на второпласираниот Хамарби, и прашање на време е кога ова село ќе ја прослави титулата шампион на Шведска за прв пат во историјата на клубот.

Клубот се наоѓа во рибарското село Халевик на брегот на Балтичкото Море со само 813 жители. До стадионот има и паркинг за приколки, бидејќи многу туристи и навивачи сакаат да ги посетат бреговите на Балтичкото Море и да излезат во природа заедно со посетата на стадионот.

Интересно е што Мјалби е наведен во Гинисовата книга на рекорди како тим од најмалиот град што играл во највисоката лига на националниот фудбал. Се подразбира колку големо достигнување би било да се освои шампионатот, што е само прашање на денови.

Стадионот Страндвален е изграден во селото во 1953 година, каде што Мјалби ги игра своите натпревари. Капацитетот е 6.750 гледачи, а трибините се полни до крај.

Годишниот буџет на овој клуб е само 7,7 милиони евра, што, за споредба, е само една осмина од парите што големиот Малме ги троши годишно.