НЕВЕРОЈАТЕН СЛУЧАЈ – Докторите од Перу спасиле 2-годишно момче кое проголтало осум игли !?

Докторите во североисточниот дел на Перу му го спасиле животот на 2-годишното момче кое проголтало осум медицински игли.

Дури кога влеговме во операционата сала и му го отворивме стомакот, ги откривме металните предмети и сфативме дека станува збор за игли“, изјавил д-р. Ефраин Салазар.

Локалните медиуми објавија дека станува збор за игли кои се користат за вакцинирање на животните на фармата каде што работела мајката на момчето. Семејството живее во земјоделската област Таратопу, на околу 622 километри од главниот град Лима.

Можеби ги голтнал додека си играл“, изјавила мајката за тамошните медиуми.

Момчето по операцијата е надвор од животна опасност, јавуваат медиумите.