Новинарка ТЕСТИРАЛА ПРИРОДНА АЛТЕРНАТИВА за Оземпик: „Многу брзо почувствував промени на моето тело“

– Новинарката Ишита Шривастава одлучила да го тестира „yerba mate“ како алтернатива на Оземпик
– „Yerba mate“ е познат како природен стимуланс богат со антиоксиданси
Новинарката Ишита Шривастава решила да го проба јужноамериканскиот пијалак „yerba mate“ или парагвајски чај, како природна и поевтина алтернатива на Оземпик. Иако лекот, кој првенствено е наменет за луѓе со дијабетес тип 2, сè повеќе се користи кај оние кои сакаат да ослабат, Шривастава посегнала по пијалак кој е прифатлив по цена и за кој се вели дека дава слични резултати. Во американските продавници, шише чини само 3 долари, додека конзерва чај е околу 10 долари.
„yerba mate“, за кој се вели дека делува како Оземпик, е познат и како природен стимуланс богат со антиоксиданси. Исто така е омилен кај познати личности како Џејсон Момоа, Гвинет Палтроу и Том Харди. Новинарката Ишита Шривастава одлучила да го пие овој чај секој ден во текот на три недели без никакви додатоци.

„Секој ден варев три грама листови во инфузер за чај, без млеко или засладувачи. Чајот беше горчлив, но сепак поблаг од обичниот зелен чај“, напишалс новинарката.

Нејзината почетна тежина била 60 килограми, и сакала да направи експеримент за да види дали може да ослабе без да ја промени исхраната и физичката активност. Таа открила дека ги забележала првите промени веќе по една недела.

„Иако мојата тежина не се промени значително, моето тело изгледаше и се чувствуваше помалку подуено, а моето варење беше целосно регулирано“, рекла таа.

Таа додала дека она што најмногу ја изненадило е тоа што нејзиниот апетит се зголемил.

„Почнав порано во текот на денот да чувствувам глад и вечерав порано. Тоа беше знак дека мојот метаболизам се забрзал и дека моето тело можеби почнало да согорува повеќе масти“, заклучила Шривастава.
Сепак, и’ покрај позитивните ефекти, експертите предупредуваат на можните ризици од прекумерна консумација на вакви пијалоци. Според пишувањето на „ Medical News Today“, големи количини на yerba mate може да содржат полициклични ароматични јаглеводороди – супстанции кои се поврзани со зголемен ризик од одредени видови рак. Исто така, високата содржина на кофеин може да го зголеми крвниот притисок и да го забрза срцевиот ритам. Со други зборови, „yerba mate“ може да има корисен ефект врз варењето и метаболизмот, но како и со сите други работи, умереноста е клучна, пренесува Večernji list.