– Претседателот на Црвената партија на Норвешка, Бјорнар Мокснес, приведен е поради кражба на скапи очила за сонце на аеродромот во Осло.
„Ју-ес-еј тудеј“ (USA Today) објави дека Мокснес е приведен во Гардермоен откако се дознало дека ја напуштил продавницата на аеродромот во Осло со скапи очила кои не ги платил.
Инцидентот се случил пред две недели, а младиот и амбициозен политичар Мокснес тврди дека очилата „случајно“ ги ставил во својата торба.
Тој е казнет со 3.000 норвешки куни (255 евра).
Мокснес на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук наведе дека полицијата ја вршела својата работа, но и дека ова било срамотно искуство за него.
Норвешкиот политичар напомена дека нема оправдувања и дека мора да ги прифати последиците од оваа ситуација.