Ова овошје никогаш не треба да се јаде на празен стомак

Храната што ја консумираме влијае на нашето здравје, и позитивно и негативно.

Како што објаснуваат диететичарите, иако е дозволено умерено да се јаде каква било храна, има и такви што треба да се избегнуваат на празен стомак. Една од тие намирници е цитрусот.

Цитрусните овошја како лимони, мандарини или портокали можат да го зголемат производството на киселина во нашите црева, зголемувајќи го ризикот од гастритис и чир на желудникот.

Исто така, големата доза на влакна и фруктоза кои се наоѓаат во ова овошје може да го забави нашиот дигестивен систем доколку го јадеме на празен стомак, пишува „Healthshots“.

Покрај цитрусното овошје, диететичарите истакнуваат дека на празен стомак треба да избегнувате јогурт, зачинета храна и храна богата со рафинирани шеќери. Во оваа група на забранети намирници спаѓа и кафето.