ОПАСЕН ЗНАК НА ТЕЖОК СТРЕС КОЈ НИКОГАШ НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО “ОТКРИЕМЕ“ – Ова е типично за ладните денови, а и докторите често го занемаруваат

Кога сме постојано уморни, поспани или неспокојни без некоја очигледна причина, обично веруваме дека тоа е поради стрес. Сепак, постои еден знак дека најчесто никогаш не би се поврзале со оваа состојба. Врвниот руски невролог – Екатерина Демјановскаја – ја нарече кашлицата неочекуван симптом на силен стрес.

Хормонот на стрес повеќе се лачи кога сме постојано иритирани, под притисок, лути или нервозни, а потоа нашето тело испраќа сигнал за помош“, објаснува Екатерина Демјановскаја

Така, на пример, пулсот се забрзува, крвниот притисок се зголемува и се појавуваат грчеви во мускулите. Може да се јават и силни стомачни болки предизвикани од психолошка нерамнотежа.

Кога сме под стрес се намалува снабдувањето со крв и перисталтиката во органите за варење. Поради ова, производството на гастрична секреција е нарушено. Според Екатерина Демјановскаја, луѓето кои се хронично под стрес развиваат дисбаланс на цревната микрофлора.

Друг симптом на стрес поврзан со нарушување на гастроинтестиналниот тракт е болно грло или чувство на грутка во грлото, што предизвикува кашлање. Оваа состојба е предизвикана од неволна контракција на мускулите на гркланот, сувост на фаринксот поради намалена плунка и нарушено назално дишење“, објаснува Екатерина Демјановскаја.