Отворен младински центар во Пробиштип

– Oтворен e младински центар во Општина Пробиштип.

– Општината и понатаму останува отворена за поддршка кога станува збор за младите, бидејќи тие се онаа движечка сила во секое општество. Драги млади, честитки и ви посакуваме убави моменти во центарот и нека тој биде ваш дом, каде што ќе се чувствувате слободни да ги искажете и остварите сите ваши идеи, информира градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов.

Тој истакна Општина Пробиштип со финансиката поддршка од околу 60 отсто на Програмата за работа на младинската организација – Здружение на граѓани ГРИТ, која ќе раководи со центарот следните три години, ја покажува својата волја, но и одговорност за реализиација на младинските политики.