Паника, голем пожар избувнал на местото каде што се прават нуклеарни подморници; На граѓаните им е испратено предупредување

Во англиската област Камбрија избувна голем пожар во бродоградилиште каде се градат нуклеарни подморници.

Скај њуз објави дека на социјалните мрежи се појавиле видеа и фотографии од пламен и чад што се издига над бродоградилиштето BAE Systems во Бароу-ин-Фернес.

Се наведува дека две лица се хоспитализирани, но полицијата во Камбрија соопшти дека нема жртви во пожарот што избувна синоќа околу половина час по полноќ.

Полицијата соопшти дека истрагата за инцидентот е во тек и дека од бродоградилиштето „Девоншир Док Хол“ се евакуирани лица и дека нема нуклеарна закана.

Сепак, полицијата ги советуваше луѓето што живеат во близина на бродоградилиштето „да останат внатре додека спасувачките тимови се справуваат со инцидентот и да ги држат затворени вратите и прозорците“.

Британската телевизија потсетува дека компанијата „BAE Systems“ е една од најголемите во светот во секторот на воената индустрија.

Оваа компанија произведува широк спектар на оружје и воена технологија, вклучувајќи нуклеарни подморници, борбени авиони, тенкови и борбени бродови, како и огнено оружје и муниција.