Погледнете ја мајката, изберете го синот

Добар знак е ако на мајката на вашиот партнер и се допаѓате од самиот почеток, бидејќи тоа обично значи дека имате многу заеднички работи.

Брачниот терапевт Трејси Кокс нагласува дека е важно мажот да има здрав однос со својата мајка.

Не е добро ниту да ja обожава, ниту да ja мрази или да нема контакт со неа.

Човекот кој ја мрази својата мајка – мрази и други жени, открива Кокс, пренесува Телеграфи.

Ако познавате маж кој постојано ја исмејува мајка си, или зад нејзиното рамо или отворено, бегајте од него. Зашто, прашање на време е кога ќе почне да ви го прави истото.

Колку е подлабока неговата омраза кон неа, толку е поотровен ефектот врз моќната љубовна врска.

Од друга страна, ако е многу приврзан за неа, во секој момент одговара на нејзините покани, што и да прави, оди во соседната соба како да разговара со љубовникот, таа го третира како да е сопругот, а не нејзиниот син, ова се знаци кои не ветуваат ништо.

Кога ќе ја запознаете мајката на вашиот партнер, внимавајте што мислите. Добар знак е ако на неговата мајка и се допаѓате на првиот состанок, бидејќи тоа обично значи дека имате многу заедничко.

Меѓутоа, ако спротивното е точно, тоа обично не води никаде.

Кога мажот е во добар однос со мајка си, повеќе од сигурно е дека ќе ја избере жената која го потсетува на неговата мајка.

Ако била домаќинка, мажот веројатно ќе го избере традиционалниот тип на жена која сака да остане дома.