Поради намалувањето на залихите на нафта во САД, цените растат

0

Американскиот институт за нафта објави проценет пад на залихите на сурова нафта во САД од 2,4 милиони барели, повеќе од очекувањата на пазарот од 1,4 милиони барели

Цените на нафтата се зголемија во средата по објавувањето на американските податоци дека резервите на сурова нафта се драстично намалени, што укажува на подобрување на состојбата со побарувачката во земјата.

Меѓународната референтна нафта од типот „брент“ се тргуваше за 72,73 долари за барел, што е за 0,30 отсто повеќе од затворачката цена од 72,51 долари за барел во претходната сесија во вторник.

Американскиот репер West Texas Intermediate (WTI) се тргуваше за 68,02 долари за барел, што е за 0,47 отсто повеќе од претходната трговија од 67,70 долари за барел.

Цените почнаа да растат кога Американскиот институт за нафта објави проценет пад на залихите на сурова нафта во САД од 2,4 милиони барели, повеќе од очекувањата на пазарот од 1,4 милиони барели.