Проверете колку ја познавате математиката: Математички проблем го полуди светот, кога ќе го слушнете решението ќе се збуните
На социјалните мрежи повторно се појави дебата за математички проблем кој со години предизвикува конфузија и несогласување меѓу корисниците на интернет. Иако на прв поглед изгледа како едноставен математички проблем, оваа задача успеа да предизвика бројни контроверзии, па дури и сериозни несогласувања меѓу математичарите.
Задачата е поставена на следниов начин:
8/2(2+2)=?
Ова е задача во која е можно да се добијат два различни резултати, во зависност од тоа како ги решавате операциите. Можните одговори се 1 или 16, што предизвика огромни дебати за тоа дали заградите навистина имаат или не приоритет во пресметките.
Како е тоа можно?
Во овој проблем, некои корисници прво множат 2 и 4 (што е резултат на заградите), додека други го решаваат проблемот според стандардната хиерархија на математички операции, без да ја препознаат посебната вредност на заградите.
Коментарите на социјалните мрежи покажаа дека луѓето се навистина збунети и не се согласуваат околу тоа кој е правилниот начин да се реши оваа задача.
“Момци, како е можно да имаме два можни одговори? Ова е апсурдно!” – е еден од коментарите, додека друг додаде: „Искрено, ова е смешно. Колку пати треба да ги објасниме основните работи?“
Што велат професорите?
Со оглед на широката поделба на мислењата, весникот Мирор реши да се обрати до експерт и да праша за оваа задача професор по математика од Оксфорд.
Одговорот на професорот изненади многумина, бидејќи, како што многумина истакнаа, математиката обично се смета за егзактна наука со јасни правила. Професорот, кој сакаше да остане анонимен, истакна дека задачата е поставена на тој начин што нема единствено јасно решение.
„Без попрецизни загради и јасни упатства, може да има забуна околу редоследот на операциите. Постојат универзални конвенции за редоследот на аритметичките операции, но тоа не е случај кога задачата не е јасно наведена“, објасни професорот.
Многу корисници на интернет не можеа да поверуваат во овој одговор, тврдејќи дека токму јасните правила на математиката треба да ги решат ваквите проблеми.
Сепак, професорот нагласи дека и во науката има случаи каде различни толкувања може да доведат до различни решенија, што предизвика дополнителна забуна кај корисниците