Ракот на тироидната жлезда најтешко се открива: Ова се првите симптоми, доколку ги забележите веднаш одете на лекар
Ракот на тироидната жлезда е вид на рак кој не е толку чест, но во последниве години се повеќе жени се дијагностицирани со оваа болест
Почесто се јавува кај жените отколку кај мажите, но може да се појави кај секого, без разлика на возраста или полот. Ракот во раните фази не покажува јасни симптоми, но со неговиот развој и ширење почнуваат да се појавуваат предупредувачки знаци, пишува Web Med.
Грутки на вратот
Тие можат да бидат видливи со голо око или да се почувствуваат само на допир, додека некои луѓе можат да ги забележат при голтање кога ќе предизвикаат непријатност (обично на предниот дел на вратот).
Зголемени лимфни јазли на вратот – обично се јавуваат во пределот под вилицата
Болка во вратот што понекогаш се протега до ушите – ако трае повеќе од неколку дена, во комбинација со некои други симптоми
Засипнатост или други промени во гласот – поретки симптоми предизвикани од јазол на тироидната жлезда,
Тешкотии со дишење или голтање – еден од поретки знаци на рак предизвикан од зголемена тироидна жлезда
Постојана кашлица – онаа што не е предизвикана од настинка или друга болест.
Ако забележите некој од овие симптоми, задолжително контактирајте го вашиот лекар.