СЕВЕРИНА ГИ ЗАПАЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Драмата околу настапот во Црна Гора продолжува: “Пее песна напишана од Србин и повикува на омраза кон таа земја!“

Северина на новогодишната забава во Котор пееше за 30.000 луѓе и ги изведе сите нејзини хитови, а во еден момент од концертот извика „Не ја давајте Црна Гора“. Секако, на социјалните мрежи веднаш започна жестока дебата – имено, многу Срби беа навредени, но имаше и такви кои ја поддржаа пејачката и не разбраа во што е проблемот.

А сега се огласи и Љубица, ќерката на Мерима Његомир, покојната српска пејачка на народна музика. Таа вели дека Северина не отпеала ниту една црногорска песна, туку големиот хит на нејзината мајка, чиј автор е Србин.

Ја пее песната на мајка ми, српска пејачка, напишана и компонирана од Србин“, објави Љубица на социјалната мрежа мрежата Х (Твитер).

Треба да го објаснам следново – на настап во Црна Гора, пејач од Хрватска пее песна напишана во Србија, повикувајќи на омраза кон таа земја. Обид за поделба и поттикнување на злото меѓу народите. Не е проблем потеклото на мајка ми или на било кој. Ја сакам Црна Гора. Кој што сака нека пее!“, заклучи таа во друга објава.