Скандал во Киев! Во кафуле во главниот град на Украина се пеат песни за поддршка на Путин! Девојката се побунила, па ја избркале!
Во едно од кафулињата во Киев изби скандал поради песните на рускиот пејач Григориј Лепс, кој ја поддржува војната на Руската Федерација против Украина, јавува украинската агенција Униан.
– Во кафулето Дубровка во главниот град се пееја ,,путинистички” композиции, а девојката која се побуни поради тоа едноставно беше исфрлена – напиша Анатолиј Стефан, офицер на вооружените сили на Украина, на својот канал Телеграм, пренесува Униан.
Минатиот јуни, Врховната Рада го поддржа предлог-законот за ограничување на јавната употреба на музички производи на државата агресор.
Руската музика е забранета во украинските медиуми и јавниот простор. Забраната не важи за руските пејачи кои се најдоа на „белата листа“, а особено за изведувачите кои се спротивставија на руската агресија.
Григориј Лепс постојано ја забавувал политичката елита на Руската Федерација, а ги посетувал и фронтовите и ги поддржувал руските окупатори, наведува украинската агенција.