“СОПРУГАТА МЕ ЗАМОЛИ ДА ВЕ ПРАШАМ“ – Познат новинар направи шоу на прес-конференцијата на Новак Ѓоковиќ: “Ве молам кажете ми како го победивте стомачниот вирус ?“

На крајот од прес-конференцијата на англиски јазик, која Новак Ѓоковиќ ја имаше по победата во Париз, се случи една крајно необична ситуација – која ги шокираше сите во салата.

Новак, тоа што ќе ве прашам е многу важно и верувајте не е шега!“, вака го започна прашањето искусниот тениски новинар од Белгија и праша: „Мојата сопруга пред малку ми праќаше пораки и ме замоли да ве прашам – како успеавте да се справите со стомачниот вирус оваа недела ? Таа моментално минува низ тежок период, па со задоволство би ги послушала советите од вас…

Новинарите во салата пукнаа од смеење, но Новак Ѓоковиќ остана „на ниво“ – и со добра волја го сподели следново:

Знаете, јас не сум доктор и не сум во можност да дадам медицински совет. Телото на секого реагира различно, но сметам дека хидратацијата е клучна за мене. Не можам да зборувам во име на твојата сопруга или некој друг за тоа каква диета би функционирала. Јас лично не можев да јадам многу, имав само еден оброк дневно и после тоа пиев само течност – затоа што се што ќе ставам во уста набрзо ќе ми излезеше. Имате вртоглавица, постојано чувствувате недостаток на течност во телото, жед, слабост – но ако сте професионален спортист – тоа што треба да го направите веднаш штом ќе го напуштите теренот е многу јасно: или ќе ги надминете околностите, болката и вирусот – или ќе ве победат. Со други зборови – нема ‘пола пат’ – или се откажуваш и се повлекуваш од турнирот, или успеваш да извлечеш енергија од адреналинот, од гужвата, од ситуацијата што ја чувствуваш на теренот – што ми даде дополнителен мотив да издржам оваа недела. Мене ме мачат стомачните проблеми како и сите други, ми се чини дека е пократко од случајот со жена ти – но јас поминав низ пекол 3-4 дена, а дури денес се чувствував релативно нормално“, го пренесува своето искуство Новак Ѓоковиќ во оваа необична ситуација.