Ватикан соопшти дека следните 24 до 48 часа ќе бидат клучни за папата Франциско, откако неговото здравје се влоши.
„Следните 24 до 48 часа ќе бидат значајни за папата Франциско. Неговата состојба се влоши“, соопшти Светата столица.
„Епизодата беше комплицирана со повраќање“, соопшти Ватикан. „Медицинскиот персонал го третираше проблемот со аспирацијата пред да го стави папата на механичка вентилација“, се вели во соопштението.
Папата Франциско беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија, а во четвртокот беше објавено дека е решен дијагностицираниот проблем со бубрезите.

Во вторникот, Ватикан соопшти дека папата четврти ден по ред останува во критична состојба, но дека е стабилен и дека нема никакви нови респираторни проблеми.
Папата Франциско, кој е на чело на Католичката црква од 2013 година, во последните две години имаше неколку здравствени проблеми. Тој е склон кон инфекции на белите дробови бидејќи како млад добил плеврит и хируршки му бил отстранет дел од белите дробови.