Стриптизета му роди дете на најголемиот југословенски заводник: Ја донесе Брена на јахта, тој ѝ посвети песна на жената што ја изневерува (фото)

За љубовниот живот на Горан Бреговиќ не престанува да се зборува, а познато е и дека тој беше еден од најголемите заводници во Југославија. Го поврзуваа со бројни дами од јавниот живот – од Лепа Брена, Катарина Радивојевиќ, Алка Вуица, до Маја Сабљиќ, Љиљана Тица, Каја Остојиќ, Бранка Невистиќ, Северина.

Горан Бреговиќ

Првата сопруга ја запознал во стриптиз бар

Во една прилика изјави дека неговата страст кон жените се родила на 17 години кога играл во стриптиз бар. Така се заљубил во еден од нив а тоа е Јасенка. Со неа добил ќерка и така рано станал татко. Се зборува дека Јасенка денес живее во Австралија и има две деца.

Меѓутоа, со растот на популарноста, дамите сè повеќе се опседнуваа со него, но Брега стана и опасен заводник. Убавата актерка Маја Сабљиќ беше првата славна личност со која се поврзуваше.

Тие се запознале на снимањето на филмот „Лични работи“ во 1979 година, а Маја не криела дека Бреговиќ со својот став ја оставил без здив. Таа тогаш имаше 19 години, а тој 10 години постар. Тогаш се зборуваше дека Горан и’ ја посветил на Маја песната „Прифатив да бидам сè што сакаш“.

Горан Бреговиќ

Исто така, се поврзуваше и со Алка Вуица.

Алка Вуица дојде во Сараево да направи интервју за загрепскиот магазин „Полет“ со член на групата „Бијело дугме“ во текот на осумдесетите. Бреговиќ пред самиот почеток на разговорот наводно и’ рекол: „Не си дојдена на интервју, туку на брак“, што беше почеток на нивните односи со јавноста. Тогаш многумина велеа дека меѓу нив има некаква тајна врска, а набрзо и’ го посвети познатиот хит „Pediculis pubis“. Тогаш Алка се налути и не разговараше долго со Горан.

На почетокот на осумдесеттите Бреговиќ ја угости Лепа Брена на својата јахта, па почнаа да се зборува дека се во тајна врска и дека нејзините соседи зборувале како тој често и’ носи подароци.

А Љиљана Тица,, една успешна манекенка, не можеше да одолее на шармот на Брега. За голема љубов говори и фактот што и’ ја посветил книгата „Копилето и принцезата“. Тие беа во бурна врска две години, а оваа убавица еднаш призна дека е многу љубоморна.

Кога Бреговиќ реши да сними филм според либретото на неговиот мјузикл „Кармен со среќен крај“, ја покани младата и убава Катарина Радивојевиќ, која требаше да ја игра главната улога. Наводно се сретнале кај него во Јахорина и во Белград. Тогаш во игра за улогата влезе Северина, која често го посетуваше во Сењак.

Брак долг три децении

Големата заводничка Џенана Суџук ја запозна во 1993 година, љубовта се разгоре на прв поглед, а миленикот на жената реши да се смири. Оттогаш, тие уживаат во хармоничен брак, во кој добија три ќерки – Ема, Уна и Лулу.