ТАА ИМА ВАЖНА ПОРАКА ЗА УКРАИНА – Урсула фон дер Лајен ненадејно пристигна во Киев

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес пристигна во Киев во својата шеста посета на Украина од почетокот на војната, во време кога вниманието на светската јавност се повеќе се свртува кон Блискиот Исток.

Доаѓам со цврста верба дека носам охрабрување и да потврдам дека цврсто стоиме на украинската страна“, порача Урсула фон дер Лајен на пат за Киев.

За време на престојот во Киев, Урсула фон дер Лајен ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, премиерот Денис Шмихал и ќе се обрати пред пратениците во украинскиот парламент.

Претседателката на ЕК вели дека ќе разговараат за прашањата за проширувањето на ЕУ, финансиската и воената помош за Украина и подготовките за 12-тиот пакет санкции против Русија.

Нејзината посета доаѓа неколку дена пред објавувањето на извештајот за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ, кој ЕК ќе го објави во среда.

Се очекува Европската комисија да им препорача на претседателите на држави или влади на ЕУ отворање на пристапните преговори со Украина.