Во Скопскиот кривичен суд попладневно е донесен таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е еден од осомничените за убиството. Откако ги забележа камерите кои го снимаат, направи „лајк“ со палците од рацете.
Тој беше донесен од полициската станица „Центар“ каде последните 24 часа беше на распит. Се очекува на барање на Скопското Јавно обвинителства да му биде изречена мерка притвор од 48 часа, како и на останатите тројца осомничени во случајов коишто веќе се во притвор, пишува курир.мк.
Телата на двете жртви 14-годишната Вања Ѓорчевски и на 74-годишниот Панче Жежовски се на обдукција во Судска медицина. Во текот на утрешниот ден се очекуваат ДНК-анализите по што се очекува да биде побаран и подолг притвор за четворицата осомничени.
Петтиот осомничен Љупчо Палевски – Палчо којшто е посочен како организатор и реализатор на убиствата се наоѓа во бегство. До овој момент МВР нема распишано меѓународна потерница, бидејќи предметот е се уште во предистражна постапка.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција кажа дека му се влезени во трага на Палевски. Тој првично заминал за Белград, Србија, а потоа отишол за Бугарија според досегашните сознанија.