,,Татко ми ми понуди тројка со мојата најдобра другарка!” Познатата актерка никогаш не се опорави од траумата: „На погребот на мојата маќеа сакаше да ме одвлече во кревет“ (фото)

Тејтум О’Нил (61) е актерка која ја носи титулата најмлада оскаровка во историјата на наградата. Таа ја освои златната статуетка на само 9 години, за споредна улога во филмот на Питер Богданович „Хартиена месечина“, во кој глуми и нејзиниот татко Рајан О’Нил.

Тејтум последователно стана една од најбараните актерки и често се забавуваше, пиеше и се дрогираше со актерите. Никој од нив не ја видел како дете. Актерката претрпе тешка траума во детството, од која беше подложена на долгогодишно лекување, но никогаш не закрепна целосно. Нејзините родители беа и актери и зависници – тие ја запоставија, навредуваа. Алкохолот и’ бил понуден кога имала само 6 години, а потоа трпела години на физичко и вербално малтретирање од О’Нил. Нему му беше доделено целосно старателство над неа во 1970 година. Таа открила и дека татко и’ ја удрил откако дознал дека е номинирана за улога во филмот „Paper Moon“, а тој не бил. О’Нил, кој почина во 2023 година, отворено користел дрога пред неа кога била дете.

тејтум онил рајан онил profimedia-0131003114.jpg

„Имаше апчиња, лекови против болки, кокаин… А потоа, се разбира, море од жени кои доаѓаа и си одеа од нашата куќа. Имаше и девојки и девојчиња“, рече актерката еднаш.

Таа неодамна откри дека Ричард Бартон се обидел да ја бакне на снимање, па дури и’ предложил брак. Тејтум тогаш имала само 16 години, додека Бартон 54.

„Дали сакаш да ме бакнеш”, тогаш ја прашал Бартон, а таа наводно веднаш одговорила: „Не!“ Таа додала дека тој бил брилијантен актер, но дека е премлада и дека сцената во која морала да се соблече топлес и’ била многу тешка.

,,Бев преплашена“, признала таа.

Освен по актерскиот талент, Тејтум остана запаметена и по шокантните мемоари во кои го опишала животот со својот татко склон кон скандали.

Ги изневерувал сите свои сопруги и љубовници, а во една прилика Тејтум го нашла во кревет со нејзината најдобра пријателка Мелани Грифи. Мелани тогаш имала 18 години, а нејзиниот татко Рајан тогаш ја поканил ќерката да им се придружи во „тројка“.

Тејтум, исто така, со години се бореше со зависноста и тврдеше дека татко и’ ја навлекол на дрога. Дури и кога таа излегуваше од рехабилитација, тој постојано и’ нудеше опијати.

О’Нил се омажи за тенисерот Џон Мекинро, со кого врската ја започна на 21 година и со кого имаше три деца – Емили, Кевин и Шон. Сепак, Тејтум го изгубила старателството над децата по разводот, токму поради зависноста од алкохол, кокаин и хероин.

А потоа, на погребот на нејзината маќеа, американската актерка Фара Фосет, доживеа уште еден шок. Додека оделе во поворката зад ковчегот, нејзиниот татко Рајан О’Нил се понудил да одат на пијачка и да одат заедно во кревет. Оваа приказна сама ја раскажа актерката, како анегдота, но Тејтум тешко се опоравуваше од шокот.

„Тој не знаеше дека тоа сум јас, морав да го потсетам дека сум му ќерка“, изјавила актерката еднаш.

Во мај 2020 година, таа се предозирала со лекови и доживеала тежок мозочен удар, поради што морала да помине неколку недели во болница. После тоа тешко се опоравувала, морала да научи да оди и правилно да зборува, а извесен период имала и проблеми со видот. Таа денес оди со помош на бастун и се бори да запомни одредени зборови и имиња на луѓе кои и’ се важни во животот, а изгубила и дел од сеќавањата.