Телефонот ви се намокри и не работи – дали навистина функционира трикот со ориз?

Кога телефонот ќе ви се скрши затоа што сте го намокриле, ќе направите се за да го спасите. Сепак, некои совети кои кружат на интернет не се толку добри како што изгледаат на прв поглед.

Интернетот е полн со „хакови“ кои тврдат дека ви помагаат да го исушите телефонот користејќи фен за коса или ориз, но Apple вели дека всушност можете да го оштетите вашиот уред на овој начин.

Ако вашиот телефон не се вклучи и видите предупредување за откриена течност, Apple вели дека е најдобро да бидете трпеливи .

Што да не се прави

1. Не го ставајте телефонот на ориз. Ова е еден од „интернет советите“. Телефонот може дополнително да се оштети бидејќи оризот ќе го ограничи протокот на воздух.

2. Не користете фен за коса или слични надворешни извори на топлина. Apple не објаснува точно зошто не треба, но компримираниот воздух веројатно само ја турка водата назад.

3. Ако сè уште го гледате предупредувањето за течност по половина час или нешто повеќе, тоа значи дека сè уште има вода околу конекторот. Затоа, не го приклучувајте телефонот за да го полните.

4. Не ставајте туѓи предмети во приклучокот за полнење, бидејќи тоа може да ги оштети малите иглички или да се заглави нешто внатре, што може да предизвика вашиот телефон да престане да се полни.

Што треба да направите?

1. Првата (и логична) работа е да го извадите телефонот од изворот на течноста и да го избришете со сува крпа или крпа.

2. Исклучете ги сите кабли што може да се приклучени на вашиот iPhone и отстранете ги истовремено.

3. Ако телефонот е целосно влажен, може да помогне веднаш да го исклучите.

4. За да ја отстраните водата од приклучокот за полнење, Apple предлага „нежно протресете го телефонот со приклучокот свртен надолу“.

5. Откако ќе го направите сето ова, оставете го телефонот на суво место со добар проток на воздух и почекајте. Најдобро е да го оставите вака барем 24 часа.