Темната страна на групата Вагнер: На Русија и се заканува ‘темпирана бомба’, насилните криминалци се ослободуваат и враќаат на слобода

0

Министерството за одбрана на Велика Британија во вторникот соопшти дека илјадници руски затвореници кои ѝ се придружиле на платеничката група Вагнер и учествувале во војната во Украина, најверојатно ќе бидат помилувани и ослободени од затворските казни.

Вагнер регрутираше најмногу затвореници минатата есен. Кога затворениците се приклучиле на Вагнер, им било кажано дека затворските казни ќе им бидат укинати по шест месеци воена служба. Министерството за одбрана на Велика Британија проценува дека околу половина од затворениците кои се бореле на страната на Вагнер биле убиени или ранети.

Британците додаваат дека доказите што ги собрале укажуваат на тоа дека оние кои ја преживеале војната и ги отслужиле наведените шест месеци навистина ќе бидат ослободени. Претседателот на Руската ФедерацијаВладимир Путин, издаде указ за легализирање на потврдите врз основа на кои затворениците ќе бидат ослободени.

Имајќи предвид дека на Вагнер му е забрането да бара борци во затворите, Министерството за одбрана на Велика Британија смета дека платеничката војска на Евгениј Пригожин наскоро ќе има сериозни кадровски проблеми.

Дополнително, прашање е како голем број често насилни криминалци кои поминале низ украинското бојно поле ќе се прилагодат на слободата и животот во руското општество.

За време на војната во Украина, Владимир Путин постојано се потпираше на платеничката група на Евгениј Пригожин и тоа му помогна да постигне одредени придобивки во Бахмут на истокот на земјата. Првиот човек на Вагнер во неколку наврати се пофали дека освоил делови од украинската територија кај Соледар, Попасна и Лисичанск, пишува Daily Mail.

Пригожин нема добри односи со рускиот воен естаблишмент, некои функционери на Кремљ стравуваат дека по војната во Украина, првиот човек на Вагнер може да влезе во војна со Владимир Путин и да се обиде да доминира во периферните руски области.