Сочна торта од малини и јогурт е идеален десерт за сите пригоди. Лесната текстура на јогуртот и свежината на малините му даваат посебна освежителна нота.
Брзо и лесно се подготвува, а резултатот е торта на која е тешко да се одолее. Совршен избор е за летните денови или кога сакате да ги изненадите гостите со нешто лесно и вкусно.
Состојки
- 300 г малини
- 0,2 л јогурт
- 0,1 л масло
- 200 г шеќе
- 2 кесички ванилин шеќер
- 3 парчиња јајца
- 250 г брашно
- 1 прашок за пециво
Подготовка
Во сад, изматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер додека не добиете пенаста смеса. Додадете го јогуртот, маслото, соединете, а потоа додадете го брашното измешано со прашок за печиво. Истурете ја смесата во намастен калап и печете околу 35 минути на 180 степени. По желба посипете со шеќер во прав, декорирајте со свежи билки.