Трагичен меден месец: Отишле во Мајорка по венчавката, сопругот го пронашле мртов, а сопругата 2 месеци се борела за живот и…(фото)

Учителка по јога од Единбург почина по два месеци откако нејзиниот сопруг почина од истекување на гас за време на нивниот меден месец.

Мери Сомервил (39) била пронајдена како лежи во несвест до сопругот Џејми Карси (40) во семејната викендичка во Мајорка на 6 мај. Човекот бил пренесен во болница во тешка состојба, но за него било предоцна.

Неколку дена подоцна, Мери беше префрлена во болница во Единбург, каде што за жал почина на 2 јули.

Нововенчаната двојка по венчавката отишла во Мајорка и останала во куќа во одморалиштето Кала Месквида. Но, предоцна било кога откриле дека фрижидерот во станот е скршен поради што дошло до истекување на плин.

Ова резултираше со емисија на јаглерод моноксид што на крајот предизвика смрт на двајцата сопружници.

– Госпоѓа Сомервил мирно почина осум недели по трагичната несреќа во Мајорка – соопштија од погребното претпријатие.

Локалниот весник ,,Ултима Хора” претходно објави дека младенците се венчале две недели пред трагедијата. Кобниот ден требало да заминат на излет со брод, а алармот бил вклучен кога тие не се појавиле.

Најблиските ја опишаа поранешната банкарска работничка и учителка по јога и медитација како „посебна душа“ која била инспирација за сите.

Таа исто така била талентирана харфистка која често свиреше на настани организирани од Меѓуверското здружение на Единбург.

Керси бил аналитичар за шкотска компанија за управување со инвестиции. Тој бил по потекло од Шпанија, но како дете се преселил во Обединетото Кралство.