Некогаш се доволни мали гестови на внимание за да се разубави нечиј ден – топол збор или искрен комплимент ќе донесе насмевка на секого. Еден љубезен збор може да не расположи кога деновите се мрачни, а луѓето кои сакаат да даваат комплименти оставаат посебен белег на другите. Нивната позитивна енергија и подготвеноста да ја препознаат убавината во се ги прават незаборавни. Според астролозите, таквите луѓе најчесто се раѓаат во три хороскопски знаци.
Лав
Лавовите го сакаат центарот на вниманието, но уште повеќе уживаат да ги ставаат другите во центарот на вниманието. Нивните комплименти доаѓаат од срце и често се придружени со топла насмевка и искрено восхитување. Без разлика дали се работи за вашиот стил, способности или карактер, Лавовите секогаш ќе најдат нешто за пофалба.
Вага
Како вистински љубители на хармонијата и убавината, Вагите обожаваат да даваат комплименти. Нивните зборови честопати доаѓаат во вистински момент, како инстинктивно да знаат што ќе ве расположи. Со Вага секогаш ќе се чувствувате ценети и сакани, бидејќи нивните пофалби не се само површни, тие се резултат на длабока емпатија.
Риба
Рибите се сонувачи со големо срце и неверојатна способност да го видат најдоброто во другите. Нивните комплименти секогаш допираат до самата срж на личноста за која се наменети. Рибите ќе ви дадат комплименти за работи кои можеби самите не сте ги забележале, со што ќе се чувствувате топло и самоуверено.