Унгарски кредит! МФ: Исплатени 19,4 милиони евра за поддршка на компаниите во Македонија

Над 1 милијарда денари нова рата е исплатени на Банката за развој за поддршка на локалните компании, средства што Владата ги обезбеди под поволни услови од унгарскиот кредит.

„Од централниот буџет на Банката за развој се исплатени 1,2 милијарди денари, или 19,4 милиони евра, средства што ќе се користат за реализација на инвестициски проекти од домашни компании, кои претходно се одобрени од комерцијалните банки.

Со оваа рата, вкупната поддршка што се пренесува од централниот буџет кон домашната економија преку оваа владина мерка достигнува 190,5 милиони евра.

Буџетот за 2025 година предвидува вкупно 250 милиони евра за поддршка на инвестициски проекти на домашни компании, што треба да предизвика инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра. Средствата за оваа намена ги обезбеди Владата под поволни услови преку Унгарската извозно-импортна банка, соопшти Министерството за финансии.