Американската компанија „Хоум Депо“ денес објави дека дел од нејзините цени може да се зголемат поради трошоците за царини воведени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
Досега, најголемиот американски трговец на мало со стоки за домаќинство имаше ограничени изјави за влијанието на царините врз неговите цени, но пресвртот доаѓа откако денес ги објави кварталните резултати, според кои продажбата во кварталот скокна за 5 проценти во споредба со минатата година, но нејзините приходи се намалија за 0,2 проценти во истиот период поради повисоките оперативни трошоци, објави CNN.
Компанијата верува дека нејзината годишна заработка по акција ќе се намали за два проценти, бидејќи економската неизвесност и високите каматни стапки ги спречуваат многу потрошувачи да продолжат со големи планови за реновирање на домот.
Главниот финансиски директор на фирмата, Ричард Мекфејл, изјави дека „Хоум Дипо“ ќе мора да спроведе некои зголемувања на цените како резултат на увозните давачки наметнати од Белата куќа.
„За некои увезени стоки, царинските стапки се значително повисоки денес отколку што беа во исто време минатиот квартал, па затоа се очекува дека ќе има скромно движење на цените во некои категории, но тоа нема да биде широко распространето“, рече тој.
„Хоум Депо“ вели дека нешто помалку од половина од нивните залихи доаѓаат од добавувачи надвор од САД.
Компанијата претходно изјави дека сака да ја диверзифицира својата база на снабдување, така што ниедна странска земја нема да снабдува повеќе од 10 проценти од нејзините стоки.