Фицо бил на компјутерска томографија, на лекарите им ги одзеле телефоните поради една причина? Нови детали за состојбата на премиерот на Словачка

Словачките медиуми јавуваат дека на лекарите во болницата во Бањска Бистрица им е забрането да зборуваат за здравствената состојба на премиерот Роберт Фицо, кој денеска беше застрелан.

На сите од неговиот медицински персонал наводно им биле одземени телефоните за да се спречи да протекуваат информации за неговата состојба.

Тој наводно бил на КТ скен и на уште неколку тестови.

Фицо cè уште е во операциона сала и лекарите се борат за неговиот живот.

Медиумите претходно објавија дека Фицо е на операција во споменатата болница.

Неговиот тим претходно денеска соопшти дека тој е ранет и дека следните неколку часа се клучни.