Планот на ЕУ за користење на руски средства за Украина би можел да пропадне поради сериозни ризици, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Очекувањата околу конфискацијата на замрзнатите руски средства се огромни, но претстојниот самит на Европскиот совет во декември, кога треба да се донесе одлука, би можел да заврши со неуспех “, заклучи Фицо.
Предлогот е прифатен
Тој додаде дека предложил во заклучокот (од самитот на ЕУ во четврток) да не се споменува можноста за конфискација и Комисијата да предложи други опции за финансирање за Украина во следните две години, што ЕК го прифати.
Тој истакна дека предложената конфискација на руски имот претставува сериозни ризици , вклучувајќи одмазднички мерки од страна на Руската Федерација, кршење на меѓународното право и тужби од руска страна.