ФОТО | Несреќа на имотот на Дејвид Бекам за малку ќе се претворела во голема трагедија: Славниот фудбалер се огласи на социјалните мрежи – еве што се случило
Дејвид Бекам во документарецот кој се емитува на стриминг платформата Netflix (Нетфликс) зборуваше за имотот во Котсволдс во британскиот регион Глостершир. Имотот вреден 12 милиони долари го купил заедно со Викторија Бекам во 2017 година за половина од цената.
„Сакав место каде што можеме да избегаме. Штом ќе стигнеме на имотот, се облекуваме во селска облека“, рекол Дејвид Бекам во документарецот.
Имотот на Дејвид Бекам е расплослан на луксузен дел каде има и прекрасно езеро. Познатиот спортист седел во градината додека зборувал за својот имот и напоменал дека тоа му е омилено место бидејќи оттаму најдобро може да ја набљудува вилата.
„Исто така, оттаму можам да ја видам Викторија гола на прозорецот“, додал Дејвид Бекам со насмевка на лицето.
Дејвид Бекам одлучил да ги помине празниците на својот омилен имот, но по силно невреме и грмежи, најголемото дрво на неговиот имот се урнало.
„Можеше да биде многу полошо“, напиша Дејвид Бекам, кој сподели фотографија од урнатото дрво на социјалните мрежи.