ФОТО | СНЕГОТ ЈА БЛОКИРАШЕ МАЛЕШЕВИЈАТА – Општината информира дека патот до Беровско Езеро е прооден, а патот Берово – Струмица се уште е непрооден
Патот до Беровско Езеро е прооден и исчистен од екипи на Територијалната противпожарна единица од Берово и од ЈП „Македонија пат“, информираа од Општина Берово, откако снежните врнежи ,,парализираа” дел од патните правци во Малешевијата.
Оттаму додаваат дека до туристичката населба Абланица е проооден пола пат, а тим на „Македонија пат“ се уште работи на отстранување на паднатите дрвја на патниот правец Берово – Струмица.
„Апелираме или поточно препорачуваме возачите да ги одложат предвидените движења на овој патен правец“, истакнаа од Општина Берово.
Слична е состојбата и до Беровско Езеро каде, според информациите на локалната самоуправа, патот е чист до хотелот „ВИП“.
Напоменаа дека дежурни екипи ќе останат на терен до целосно нормализирање на состојбата.