Француските власти потрошиле дури 6,6 милијарди евра за Олимписките и Параолимписките игри во Париз, според извештајот објавен од Судот на ревизори.
Ревизорскиот суд во прелиминарниот извештај од јуни наведе дека се потрошени 5,9 милијарди евра, но сега таа сума е коригирана и е утврдено дека бројката е всушност за 700 милиони евра поголема.
Она што е особено интересно е што поради страв од терористички напади, за безбедноста на учесниците и гледачите беа потрошени дури 1,44 милијарди евра.
Прелиминарните проценки на Организацискиот комитет на Игрите во 2023 година беа дека ќе бидат потрошени вкупно „само“ 2,44 милијарди евра.
Организацискиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри (COJOP) го оспори извештајот на Судот на ревизори и изјави дека одредени инвестиции биле планирани 30 години и биле доделени пред започнувањето на кандидатурата за Игрите, како што е продолжувањето на линијата на метрото на автопатот 14.