Халанд стана најдобар стрелец на Сити во една сезона, иако до крајот на англиското првенство останаа да се одиграат уште 13 кола.
Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд го постигна својот 27. рекорден погодок за Манчестер Сити во англиската Премиер лига, давајќи придонес во победата на својот тим против Борнмут од 4:1 и на тој начин го остави Сити во трката за шампионската титула во англиското првенство, пренесува Анадолу.
Ниту еден играч на Манчестер Сити не постигнал толку голови во една сезона во Премиер лигата. Серхио Агуеро во сезоната 2014/15 постигна 26 погодоци, што досега беше најдобар перформанс на некој играч на Сити.
Манчестер Сити со синоќешната победа заостанува 2 бода зад Арсенал, кој претходно го совлада Лестер со 1:0, но има одиграно натпревар повеќе.
Халанд стана најдобар стрелец на Сити во една сезона, иако до крајот на англиското првенство останаа да се одиграат уште 13 кола.
Кога станува збор за самата Премиер лига, рекордот по бројот на постигнати голови во една натпреварувачка сезона го држат Енди Кол (1993/94) и Алан Ширер (1994/95) со по 34 погодоци.