Хорор во Техеран! Маж уби двајца судии на Врховниот суд, па се самоуби! (ФОТО)

Двајца судии на иранскиот Врховен суд се убиени денеска во нивната канцеларија во Техеран од вооружен маж кој потоа извршил самоубиство, јави официјалната агенција Мизан.

Судиите Али Разини и Мохамед Могисех беа убиени во Врховниот суд лоциран во јужниот дел на градот.

Напаѓачот „влегол во канцеларијата на двајца судии вооружени со пиштол“ и ги убил, изјави портпаролот на судот.

Нема информации за мотивите на сторителот.  
Покрената е истрага за случајот, кој е многу редок во Иран.