Хорор лет за македонските одбојкари: Удрил гром во авиониот со кој се враќале за Скопје

Гром удрил во авион додека летал, во кој се превезувале македонските одбојкари. Поради ова летот од Цирих до Скопје бил неочекувано e запрен, па пилотот решил да слета назад во Цирих. За среќа нема повредени, и авионот немал посериозно проблеми.

„Навистина неверојатна ситуација, додека летавме со авионот удри гром во него и пилотот реши да се врати во Цирих. Не беше пријатно кога слушнавме што се случи, видовме силна светлина во непосредна близина“, вели за ЕКИПА капитенот Никола Ѓоргиев.

Имено, одбојкарите денеска се враќаа во нашата земја по настапот на Златната лига во Белгија. Сега биле сместени во хотел и утре ќе се вратат назад во Скопје со нов лет.