„ЧОВЕК БРУТАЛНО УБИЕН ВО ЗАТВОР“ : Цимерите го терале да пие урина, го силувале со метла и му ги скршиле ребрата (ФОТО)

Станимир Брајковиќ (74) од Младеновац, кој почина на 4 февруари годинава поради тешки повреди кои наводно му ги нанеле тројца цимери во КПУ Падинска Скела, е осуден на еден месец затвор за нарушување на јавниот ред и мир.

Според српски Курир, Станимир живеел сам во Младеновац.

– Беше пензионер, тивок човек, не им правеше проблеми на соседите. Неговите синови се во странство. Бевме многу потресени од тоа што му се случи – вели еден од познаниците на покојниот Станимир.

Како што пишува Курир, за грозоморното психичко, физичко и сексуално злоставување на пензионер при што бил убиен, Вишото јавно обвинителство во Белград покренало истрага против Среќко С.(20), Саша С.(21) и Далибор П. (21) и им е одредена мерка притвор до 30 дена по рочиштето поради сомнение дека извршиле тешко убиство во соизвршителство.

Обвинителството потврди дека тројцата осомничени делеле ќелија со убиениот Станимир Брајковиќ.

го убил Станимир Брајковиќ

– Според наредбата на истрагата, осомничените од средината на јануари до 4 февруари заедно извршиле кривично дело во затворот Падинска скела и со несовесно и насилничко однесување му го одзеле животот на С.Б. кој предходно секојдневно вербално, физички и сексуално го малтретирале бидејќи останал без пари со кои купувал намирници за осомничените во затворската менза – соопшти денеска обвинителството.

Како што се додава, несреќниот маж секојдневно добивал шамари, клоци и бил тепан по главата и телото.

– Во една прилика Далибор П., како што се сомнева, го удрил со колено по телото и ребрата, а во друга прилика сексуално го малтретирал со рачка од метла. Осомничениот Саша С., наводно, го терал да ја испие урината од шолја за кафе, додека Среќко С. со крпа му го извадил јазикот од устата за да го спречи да се пожали на командирите за малтретирањето и понижувањето што го трпел, – ова се објавените детали за грозоморната тортура што ја доживеал несреќниот старец во затворската ќелија.

Како што се наведува, поради тешките повреди кои ги имал, само ден пред да почине, старецот бил однесен на лекарски преглед . Но, најверојатно од страв, дваесетина дена не го пријавил претрпеното малтретирање.

– Истата вечер, кога бил вратен во ќелијата, осомничените го однеле во тоалет и го полиле со студена вода. Следниот ден состојбата значително му се влошила поради повредите кои ги имал, имал нарушувања на дишењето и циркулацијата поради скршеници на ребрата и градната коска, како и поради загуба на крв и поради компликации поради повредите, починал – откриено е во какви маки умрел несреќниот човек.