Шокантно откритие! Легендарниот фудбалер и папата Лав XIV се братучеди

Неверојатно, но вистинито – легендарниот француски фудбалер Ерик Кантона и сегашниот папа Лав XIV (Роберт Франсис Превост) имаат заеднички предци! Ова неверојатно откритие го направиле француски генеалози, а веста ја објави британскиот таблоид  Сан“.

Според експертите, папата Лав XIV, кој е по потекло од Франција, има ист предок како поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед. Иако е роден во Америка, дедото на папата потекнува од Италија, а генеалозите успеале да го реконструираат потеклото уште во 1415 година.

Клучот за семејната врска е скриен во бракот на Бертран Негрел и Луиз Жан, кои се венчале во 1566 година во Роквер, мал град на југот на Франција. Тие се заеднички предци и на папата и на познатиот фудбалер.

Ова не е првпат семејството на Ерик Кантона да биде во центарот на вниманието поради познати роднини. Претходно беше откриено дека негов далечен роднина е познатиот писател Албер Ками, автор на ремек-делото „Странецот“ , кое остави неизбришлив белег во светската литература.

Се чини дека во Кантона тече крвта на спортската, духовната и уметничката величина!