Авионски мотор ,,вшмукал” човек: Страшна смрт на аеродромот во Амстердам, хоророт го сведочеа патниците и членовите на екипажот! (видео)

Едно лице загина на главниот аеродром во Амстердам откако било вшмукувано во моторот на авионот.

Сè уште не е јасно дали лицето, кое не е идентификувано, било патник или вработен. Едно лице било вшмукувано во моторот на KLM Cityhopper Embraer E190 додека авионот се подготвувал за лет за Данска.

KLM Cityhopper Embraer E190

Според првите информации, сведоци на трагичната смрт биле патниците и членовите на екипажот.

Службите за итна помош излегле на местото на настанот.

Авионот, кој може да превезе до 104 патници, требаше да полета за Билунд, Данска во 14 часот и 25 минути.

Во соопштението од Амстердамскиот аеродром Шипхол (AMS) се вели:

„Денеска имаше страшен инцидент каде едно лице заврши во моторот на авионот. Нашите мисли се со роднините на жртвата и тука сме со патниците и колегите кои беа сведоци на тоа. Кралската воена полиција во моментов истражува“.