Јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai денеска објави дека го продава својот удел во руската фабрика во Санкт Петербург.
Да потсетиме, производството во таа фабрика беше прекинато во март 2022 година поради војната во Украина.
Јужнокорејскиот гигант вели дека Art-Finance LLC е заинтересирана да купи фабрика во Русија и дека двете компании преговараат за финализирање на деталите од договорот.
„Со цел да ги поддржиме сопствениците на нашите возила во Русија, Hyundai ќе продолжи да обезбедува постпродажни услуги и други видови на корисничка поддршка“, се вели во соопштението на компанијата, пренесе Teletrader.