Директорот на Агенцијата Иван Живковски најавува дека до крајот на годината ќе бидат додадени уште десетина нови услуги, а во текот на 2025 година се предвидува дополнително проширување за уште десет услуги. За оние кои не се снаоѓаат со електронските услуги, се уште останува можноста катастарските услуги да ги побараат и преку шалтерите на Катастарот.
Живковски откри и дека Катастарот се соочува со наплив на предмети за експропријација кои се однесуваат на автопатите кои ги гради конзорциумот Бехтел и Енка. За да нема застој во изведбата на проектот, во Катастарот се работи прекувремено и за време на викенд, додаде Живковски.
Досегашниот портал ќе биде во функција до крајот на годинава, а од 1 јануари корисниците ќе имаат пристап исклучиво преку новиот портал. Од вкупниот број услуги на Катастарот, има и такви кои нема да бидат дигитализирани во наредниот период, но тоа се многу мал број и, како што информира Живковски, главно се услуги кои ги користат геодетските компании.