Адел откри дека се омажи: ,,Не можам, маж ми е тука” (видео)

Пејачката Адел неодамна во текот на одржувањето на еден од своите настапи во Лас Вегас ги поттикна гласините за тоа дека се венчала во тајност.

Имено, пејачката сака да се шегува со својата публика, а нејзината последна изјава доведе до гласини дека е во брак со својот партнер Рич Пол.

Во текот на настапот, Адел ѝ се приближила на публиката за малку да разговара, а една жена ја запросила среде разговор. Кога ја запросила, Адел ѝ порачала дека не може да го направи тоа бидејќи е „стрејт и бидејќи нејзиниот сопруг е вечерва тука“.

Потоа, жената ја прашала дали може да се обиде, алудирајќи на тоа пејачката да биде со друга жена, а Адел на шега ѝ порачала дека не сака бидејќи е со Рич, а таа е луда и „да ја остави на мир“.

Минатиот месец, Адел откри дека сака да има уште едно дете и дека веќе одбрала име. Таа од првиот брак со Сајмон Конецки го има 10-годишниот син Анџело, додека Рич Пол има 3 деца од претходната врска.

Адел и спортскиот агент ја потврдија својата романса откако нејзиниот развод беше завршен во март 2021 година, а во мај минатата година се вселија во заеднички дом.