Адријана Лима со брутален фустан во Венеција: Кога се сврте, сите на црвениот тепих зјапаа во нејзиниот задник (ФОТО)
Познатата манекенка Адриана Лима со години е чест гостин на филмскиот фестивал во Венеција. Таа вечерва на познатата Мостра се појави во интригантен црн фустан со блескави детали. Славната Бразилка прошета по црвениот тепих на премиеирата на филмот „Убиецот“ во режија на Дејвид Финчер.
Дали очекувавте вакво модно издание од неа?
Филмскиот фестивал во Венеција вечерва беше малку поинаков од претходните години. Немаше толку многу гости на црвениот тепих, каде покрај Адријан Лима се појавија и манекенката Роуз Бертам и ТВ-лицето Хофит Гуран. Влијание врз случувањата има штрајкот на холивудските актери и сценаристи, кој започна пред неколку месеци.
Настанот сепак се одржува и покрај штрајкот, па покрај бројните филмски детали, од Венеција пристигнуваат и модни приказни. Адријана Лима позираше во фустан со пошироки ракави и потесен долен дел на филмскиот фестивал во Венеција. На фотографиите од предната страна, нејзиното модно издание беше многу поодмерено отколку на другите слики, но и тогаш можеше да се забележи дека материјалот е прилично проѕирен, а изгледаше како некое познато модно име да и’ го има креирано.
Провокативноста на нејзиниот аутфит дојде до израз кога се сврте.
Под фустанот со гол грб немаше место за „стандардна“ долна облека, што дополнително беше нагласено со кројот на самиот фустан.
Судејќи по нејзината насмевка, Лима одлично се забавувала на премиерата, а и да имаше повеќе гости, таа сепак ќе беше во преден план.
Фризурата е сосема лежерна, а шминката одговара на темната боја на фустанот.
Нејзиното вечерашно издание сосема се разликува од нејзиниот стил кој го промовираше пред да го роди третото дете.
Познато е дека Адријана Лима се здебелила за време на третата бременост, а неа за жал ја следат бројни коментари дека повеќе не изгледа „убаво како порано“.
Убавината била и останува во окото на гледачите, а се чини дека познатата манекенка се обидува да го пронајде модниот стил кој најмногу и’ прилега во моментов. Лима им пркоси на критиките и испраќа порака дека се чувствува многу заводливо во сопствената кожа, иако наводно не одговара на стандардите на „беспрекорен“ изглед.
Адријана Лима позираше на црвениот тепих заедно со Алберто Барбера, директор на 80. Филмски фестивал во Венеција.