Аеродромот „Истанбул“ е рангиран на прво место, зголемувајќи го бројот на дневни летови за 21 отсто во споредба со 2019 година и 24 отсто во однос на 2022 година
Турскиот аеродром „Истанбул“ е рангиран како најфреквентен во Европа со просечни 1.446 дневни летови, објави Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) во својот најнов Извештај за операциите на воздушниот сообраќај кој го опфаќа периодот од 26 април до 2 мај, јавува Анадолу.
Следува аеродромот во Амстердам со 1.314 дневни летови, лондонски „Хитроу“ со 1.272 летови, парискиот „Шарл де Гол“ со 1.245 летови и аеродромот во Франкфурт со 1.194 летови.
Дневно низ Европа се реализираа 28.204 летови, бројка која одговара на 92 отсто од бројот на летови во 2019 година, пред избувнувањето на Ковид-19.
Аеродромот „Истанбул“ и аеродромот „Палма де Мајорка“, кој ја опслужува Мајорка, најголемиот остров во Шпанија, се двата аеродроми кои ги поминаа нивоата од 2019 година, меѓу првите 10 во 2023 година.
Аеродромот „Истанбул“ е рангиран на прво место, зголемувајќи го бројот на дневни летови за 21 отсто во споредба со 2019 година и 24 отсто во однос на 2022 година.
„Туркиш ерлајнс“ се рангира на третото место меѓу авиокомпаниите со најмногу дневни летови во Европа – 1.521.