,,Ако Америка сака војна, ние сме подготвени!” – Трамп го немаше завршено говорот пред Конгресот кога стигна големата закана од Кина: Ќе се бориме до крај (ФОТО)

Американскиот претседател Доналд Трамп синојка одржа говор пред Конгресот, а дел од неговото обраќање беше посветен на царините што ги воведе за Кина, Канада и Мексико, како и новите царини што ќе ги воведе за „пријателите и непријателите“ почнувајќи од април.

Синојка Трамп со извршна наредба ги удвои царините за кинескиот увоз од десет на 20 отсто, што веднаш предизвика одмазда од Пекинг и запали тарифна војна.

Белата куќа го оправдува зголемувањето на царинските стапки наведувајќи го проблемот со континуираниот шверц на фентанил од кинеско производство во САД.

trump10 AP Бен Кертис.jpg

Во моментот кога говорот на Доналд Трамп беше при крај, кинеската амбасада во Вашингтон објави објава на социјалните мрежи.

„Ако САД сакаат војна, без разлика дали тоа е тарифна војна, трговска војна или каков било друг вид војна, ние сме подготвени да се бориме до крај“, се вели во соопштението на кинеската амбасада во Вашингтон.

profimedia-0953420779.jpg

Во твитот е приложена целосната изјава на портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи во која се наоѓа таа реченица.

– Прашањето со фентанил е слаб изговор за зголемување на американските царини за кинескиот увоз. Нашите контрамерки за одбрана на нашите права и интереси се сосема легитимни и неопходни. САД, а не кој било друг, се одговорни за кризата со фентанил во сопствената земја. Во духот на хуманоста и добрата волја кон американскиот народ, презедовме конкретни и силни чекори за да им помогнеме на САД во решавањето на овој проблем. Наместо да ги признаат нашите напори, САД се обидоа да ја оцрнат Кина, да ја префрлат вината и да извршат притисок, како и да ја уценат Кина со зголемување на царините. Нè казнија што им помагавме. Ова нема да го реши американскиот проблем и само ќе го поткопа дијалогот и соработката во борбата против трговијата со дрога. Не се плашиме од закани. Нема да попуштиме на притисоци и уцени. Притисокот, принудата или заканите не се вистинскиот начин за справување со Кина. Кој мисли дека може да ја скрши Кина со максимален притисок, избира погрешен противник и прави сериозна грешка во расудувањето. Ако САД навистина сакаат да го решат проблемот со фентанил, вистинскиот пат е да соработуваат со Кина со взаемна почит и еднаквост. Ако САД сакаат војна, без разлика дали тоа е тарифна, трговска војна или каков било друг вид војна, ние сме подготвени да се бориме до крај“, се вели во соопштението на кинеското Министерство.