Ако го чувате инсулинот во фрижидер на оваа температура, тој ќе стане бескорисен

Истражувањето кое се занимава со анализа на температурата на која луѓето го чуваат инсулинот предизвика вистинска тревога

Истражувачите откриле дека повеќето луѓе грешат и го оштетуваат инсулинот кој потоа нема ист ефект врз хормоните.

Луѓето кои страдаат од дијабетес тип 1 мора да земаат инсулински инјекции за да преживеат. Додека луѓето кои имаат дијабетес тип 2 можат да ја контролираат својата болест со добри животни навики и лекови, повеќето од нив користат инсулин за да го регулираат нивото на шеќер во крвта.

Инсулинот е многу важен бидејќи им помага на клетките да пристапат до гликоза и да ја користат за енергија. Без него, шеќерот во крвта на некои луѓе може да стане превисок и да предизвика хипергликемија.

Повеќето не добиваат максимален ефект од терапијата бидејќи го складираат инсулинот на погрешна температура во домашните фрижидери, што го намалува неговиот ефект.

Инсулинот мора да се чува во фрижидер на температура од 2 до 8 Целзиусови степени за да биде ефикасен.

Доколку го носите со себе, тогаш ќе биде на температура од 2 до 30 Целзиусови степени

За да се покаже дека луѓето добро го складираат инсулинот, беа поставени мерачи во домовите на 388 пациенти со дијагноза на дијабетес.

Мерењата стигнале до базата преку апликации, додека резултатите покажале дека и во 11 отсто од случаите инсулинот се чувал на погрешна температура околу 2 часа и 34 минути дневно.

Инсулинот што пациентот го носел со себе бил на погрешна температура само 8 минути во текот на денот.

Ладењето било проблем во 17 отсто од случаите, бидејќи температурата била околу нула степени.

Лекарите предупредуваат дека пациентите мора да посветат посебно внимание на складирањето, бидејќи доколку се принудени да земаат инсулин неколку пати на ден, тоа може да биде голем проблем бидејќи дејството на инсулинот е намалено.