“АКО ПАДНЕ БЛИСКИОТ ИСТОК, СЛЕДНА Е ЕВРОПА!“ – Драматично предупредување од Бенјамин Нетанјаху: “Тие сакаат да не вратат во мрачните времиња…“
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави денес дека војната на земјата против палестинската милитантна група Хамас не е „локална битка“ и посочи дека доколку Израел не победи, „никој нема да биде безбеден“.
„Нашата победа ќе биде и ваша победа. Ако падне Блискиот Исток, Европа е следната. И никој нема да биде безбеден“, нагласил Бенјамин Нетанјаху за време на средбата со десетици странски амбасадори во Ерусалим, пишува Times of Israel.
Според овој Times of Israel, Бенјамин Нетанјаху зборувал за теми кои ги претставуваат основите на неговиот наратив за време на војната меѓу Израел и Хамас.
„Оската на теророт е предводена од Иран, а ја сочинуваат и Хезболах, Хамас, Хутите и нивните други слуги. Тие бараат да го вратат Блискиот Исток и светот во мрачниот век. Тие бараат да не торпедираат, да го нарушат секој напредок кон мирот“, тврди тој.
Тој посочил дека Израел, откако ќе го уништи Хамас, на жителите на Појасот Газа ќе им понуди вистинска иднина, полна со ветувања и надежи.
Поради војната против Хамас и хуманитарната ситуација во Појасот Газа во последниот месец, како резултат на израелскиот напад, многу земји ги повлекоа своите дипломатски претставници од Израел. Денес, Јужноафриканската Република го направи тоа поради „геноцид под надзор на меѓународната заедница“ .
Претходно и Турција го повлече на консултации својот амбасадор во Израел, поради „хуманитарната трагедија“ во Појасот Газа и одбивањето на Израел да се согласи на прекин на огнот.
Покрај тоа, по почетокот на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас на 7. октомври, Чад, Хондурас, Чиле, Колумбија и Јордан ги отповикаа своите дипломатски пратеници.