Ако сакате да ослабете, секое утро треба да пиете еден од овие чаеви

Конзумирањето билни чаеви е омилена алтернатива на кафето на многу луѓе, а освен што се вкусни и благотворно делуваат на организмот, чаевите се и многу здрави. Многу чаеви помагаат при варење, ги смируваат стомачните болки и слично, а овие пет чаеви се најдобриот избор доколку сакате да ги изгубите несаканите килограми со текот на времето.

Чај од нане

Чајот од нане е познат по освежувачката арома и смирувачкото дејство на организмот, а е еден од чаевите што треба да ги пиеме доколку сакаме со текот на времето да ги изгубиме вишокот килограми. Пиењето на овој чај помага во варењето и ја намалува потребата од прејадување и грицкање нездрава храна, а може да ги ублажи чувствата на стрес. 

Чај од ѓумбир

Чајот од ѓумбир е корисен за пиење кога сме болни, но и за слабеење. Овој чај содржи диуретични и термогени својства кои можат да ја зголемат температурата на телото и да го зголемат согорувањето на калориите, пренесува Health Shots. Исто така, пиењето чај од ѓумбир го подобрува варењето и го намалува апетитот, што е уште една причина зошто треба често да се консумира.

Чај од камилица

Чајот од камилица, омилен на многумина, најмногу е познат по своите смирувачки ефекти. Благодарение на овие ефекти, пиењето чај од камилица може да ви помогне да изгубите тежина преку подобрување на квалитетот на вашиот сон. Подобриот сон помага да се регулираат хормоните како кортизол и грелин кои влијаат на апетитот и складирањето маснотии. Затоа често се препорачува да се пие чај од камилица пред спиење за да може да влијае да спиеме подобро.

Зелен чај

Зелениот чај е богат со антиоксиданси, како што се флавоноиди, особено катехин, и го промовира нормалното функционирање на метаболизмот и го поттикнува согорувањето на мастите. Катехинот во зелениот чај помага во разградување на вишокот маснотии, додека катехинот и кофеинот во комбинација ја зголемуваат количината на енергија што телото ја користи, пренесува Health Shots.

Роибос чај

Чајот Роибос е богат со антиоксиданси кои помагаат во намалување на хормоните на стрес. Хормонот на стрес влијае и често го стимулира гладот. Овој чај е познат по тоа што не содржи кофеин и е одлична опција за оние кои сакаат да го намалат внесот на кофеин во организмот. Помага и за регулирање на нивото на шеќер во крвта.